Папата Франциско денеска од главната ложа на базиликата „Свети Петар“ во Ватикан го упати традиционалниот благослов „Urbi et Orbi“ (на латински: „Кон градот (Рим) и кон светот“).
Пораката се упатува на Божик, Великден и за време на други свечени поводи. Тоа е првиот благослов, што го кажува секој новоизбран папа, а формулацијата се користи и во некои официјални документи за да се истакне нивното прогласување низ сите краеви на светот.
Текстот на благословот е само на латински и ја соддржи формулата за привремено простување на сите гревови на присутните на плоштадот „Свети Петар“, како и на оние кои благословот го примаат преку медиумите.
– Нека Светите апостоли Петар и Павле, на чија власт ние се потпираме, се заложат за нас пред Бога. Преку молитвите и заслугите на секогаш блажената Богородица, на блажениот Свети архангел Михаил, на блажениот Јован Крстител, на светите апостоли Петар и Павле и на сите светци, нека Семоќниот Бог се смилува над Вас и Ви ги прости сите гревови, а Исус Христос Ве изведе до вечниот живот, порача папата.
– Семоќниот и милослив Бог да Ви дозволи уживање, простување и помилување за сите Ваши гревови, (да Ви даде) период на искрено и плодотворно покајување, секогаш каејќи се од срце и промени во животот, милоста и совеста на Светиот Дух, како и непроментиот напор во добрите дела, нагласи понтифот во пораката.
– Нека благословот на семоќниот Бог, Отец, Син и Свет Дух се спуштат над Вас и засекогаш да бидат со Вас, гласи папскиот благослов, шри што секој ред од него завршува со „Амин“.