Папата Франциско во посета на Турција

Папата Франциско ќе престојува во посета на Турција од 28 до 30 ноември, соопшти Ватикан.

На 28 ноември папата Франциско ќе се сретне во Анкара со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и со премиерот Ахмет Давутоглу. Се планира папата да го посети музејот на основачот на современата турска репубкика Мустафа Кемал Ататурк.

На 29 ноември папата ќе замине во посета на Истанбул, каде се очекува да го посети храмот Света Софија и Сината џамија и да се сретне со Вселенскиот патријарх Вартоломеј Први.

На 30 ноември папата ќе се присоедини кон чествување на празникот на свети Андреј на покана на Вартоломеј Први.

Посетата на Турција на папата Франциско ќе биде шесто по ред патување во странство по неговиот избор за папа во март 2013.