Папата го прескокна говорот за европските рабини, не се чувстувал добро

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск го прескокна во понделникот читањето на подготвениот говор на состанокот со европските рабини, оправдувајќи се дека не се чувствува добро.

„Добро утро. Ве поздравувам сите и ви изразувам добредојде и благодарност за оваа посета којашто ме радува. Меѓутоа, не се чувствувам добро и поради тоа попрво не би го прочитал говорот, туку би ви дал примерок“ од него, им кажал папата на рабините.

Медимите забележуваат дека се чинело дека 86-годишниот папа Франциск останал без здив додека ги поздравувал рабините на почетокот од состанокот.

На папата Франциск му недостасува едно белодробно крило, коешто му е отстрането додека бил момче во родната Аргентина.

Во минатите вакви ситуации папата не ги читаше говорите за да ја сочува силата. Подоцна во понеделникот во Ватикан треба да се сретне со деца од целиот свет.

Ватикан соопшти дека папата Франциск е настинат, но дека неговиот распоред во остатокот од денот не е променет.