Папата Франциско на 14 февруари одржа средба на плоштадот Свети Петар со млади девојки кои имаат намера да склучат брак, објавија „ИТАР-ТАСС“.
Средбата е одржана под мотото „Секогаш радосно ’Да’“.
Во својот говор папата Франциско ги благослови младите луѓе и ги повика на трпение и благоразположеност во семејниот живот. Тој ја истакна потребата да се простува и да се прават отстапки .
„Не постојат идеални мажи и жени, а уште помалку свекрви“, се пошегувал папата.