Папата во Бахреин повика да не се кршат човековите права

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск во четвртокот, на првиот ден од посетата на Бахреин, повика „човековите права да не се кршат, туку да се промовираат“, по критиките од невладините организацијата поради дискриминацијата на шиитите во оваа сунитска монархија.

Папата Франциск допатува денеска во четиридневна посета на малата муслиманска монархија во Персискиот залив, прва посета на оваа земја во неговиот понтификат, којашто главно ќе биде посветена на меѓуверскиот дијалог.

Почитувањето, толеранцијата и верски слободи кои се „признаваат во уставот“ на Бахреин, мора „постојано да се променуваат за да отстрани дискриминацијата и за темелните човекови права да не бидат кршени, туку промовирани“, изјави папата Франциск во говорот пред претставниците на власта, цивилното општество и дипломатскиот кора во дворецот Ал-Сахир во Авалија

По протестите во 2011 година, во заднината на ткн Арапска пролет која ги зафати арапските авторитарни земји и монархии, Бахреин редовно е цел на критиките од невладините организации и меѓународните институции дека ги прогонува политичките неистомисленици, во прв ред оние од шиитската заедница, во земјата којашто ја води сунитската династија.

Три седмици пред почетокот на Светското фудбалско првенство во соседен Катар, кој исто така е остро критикуван поради лошо постапување со странските работници, Папата апелираше „насекаде да бидат гарантирани работните услови, сигурни и достојни за човек“.

Осудувајќи ја „работата којашто расчовечува“ и којашто е „удар врз човечкото достоинство“ во современото општество, Папата го повика Бахреин да биде „светилник во регионот во промовирањето на правата и на праведните и подобрите услови за работниците, жените и младите“.

Покрај тоа, истакна, „да се гарантираат почитување и внимание на оние кои се на работ на општеството, како што се имигрантите и затворениците“.

Ватикански извор за AFP изјавил дека папата Франциск ќе го замоли кралот Хамад бен Иса ал-Калифа во текот на нивната средба да ги ослободи шиитските политички затвореници.

Неколку дена пред почетокот на климатскиот самит COP27 во египетското летувалиште Шарм ел-Шејк, папата Франциск повика на итно дејствување во врска со климатските промени и на носење „конкретни и јасни одлуки, мислејќи на младите поколенија“.

Mедиумите известуваат и дека папата во Бахреин се изјаснил против смртната казна.

На истиот настан говороле и кралот Хамад бин Иса ал- Калифа од Бахреин.

!Бахреин ја штити слободата на сите религии и правото на верниците да ги извршуваат своите ритуали на места определени за богослужба. Бахреин е против дискриминација на верска основа“, уверувал монархот.