Во силно обезбедената Зелена зона во Багдад се одржува воена парада на којашто се слави победата над Исламска држава, изјавил портпаролот на ирачката војска.
Парадата не се пренесува во живо, а Багдад го надлетуваат неколку борбени авиони, пренесува Ројтерс.
Ирачкиот премиер Хајдер ел Абади прогласи конечна победа над Исламска држва вчера, пренесува Ројтерс. Премиерот 10-ти декември го прогласи за државен празник. Ирачките сили ги ослободија и последните области под контрола на ИД на границата со Сирија и ја обезбедија западната пустина, рече Абади и додаде дека тоа значи крај на војната против екстремистите.