Парична казна од 150.000 евра заработи „Гугл“ во Франција, пренесе „АФП“. Како причина се наведува тоа што корисниците не биле известени, дека нивните лични податоци се собираат и обработуваат од страна на компанијата во последните две години.
Во последните неколку години „Гугл“ имаше судски спор со и француски издавачи поради иницијативата за дигитализација на книги.