Париска јувелирница ограбена за 250.000 евра

Две засега неидентификувани лица извршиле вооружен грабеж во златарница во центарот на Париз во понеделникот, однесувајќи со себе накит во вредност од над 250.000 евра во уште еден ваков напад објави телевизискиот канал BFMTV повикувајќи се на полициски извори.

Кражбата се случила во близина на Триумфалната капија, кога крадците, чиишто лица биле скирени со мотоциклистички кациги, влетале во јувелирнициата и почнале да распрскуваат солзавец. Притоа еден од напаѓачите со електрошокер онеспособил еден од вработените.

Откако ги собрале накитите и часовниците од полиците, крадците ги искршиле и витрините во салонот и го собрале и накитот изложен во нив. Според париската жандармерија, ограбувачите од местото на злосторството многу брзо побегнале на скутери.

Париската судска полицијата отворила истрага за грабежот, а во француската престолнина во тек е потрага по разбојниците.

Во последните неколку дена ова е втор случај на ограбување на продавница за луксузни стоки во Париз. Во петокот група разбојници го ограбила бутиот „Moncler“, однесувајќи разни парчиња во вкупна вредност од 40.000 евра.

Според податоците на полицијата, годинава е забележан пораст на вооружените напади врз продавници за луксузни стоки и други слични објекти. Од почетокот на годинава се регистриран повеќе од 1.300 случаи на грабежи, што е за 1,5 пати повеќе отколку во текот на претходната 2019 година.