Именувањето на Фиона Скот Мортон, поранешна американска функционерка во администрацијата на поранешниот американски претседател Барак Обама додека негов потпретседател еше актуелниот претседател на САД, Џо Бајден, на исклучително важна позиција во Европската комисија поврзано со регулацијата на американските технолошки гиганти предизвика големи негодување во Франција од каде бараат таквата одлука д абиде преиспитана.
Европската комисија во вторникот објави дека Фиона Скопт Мортон, професорка по економија на Универзитетот Јејл и поранешна функционерка на американскиот Стејт департмент, е избрана за директорка на европската Управа за пазарна конкурентност.
Педест и шестгодишната Мортон ќе ја преземе должноста на 1-ви септември кога актиелниот главен економист Пјер Режибо заминува во пензија. Истовремено ќе биде и првата жена и првата државјанка на САД на висока функција во оваа европска институција.
Скот Мортон на чело на споменатата управа ќе има клучна улога во истрагите за можносто кршење на прописите за рамноправното пазарно натпреварувања во сегментот на технолошките гиганти, каде што доминираат американските компании како „Google“, „Apple“, „Meta Platforms“ и „Microsoft“.
Доверена ќе ѝ биде, исто така, и клучната улога во проверката на големите аквизиции, како на пример купувањето од „Amazon“ на „iRobot“ и купувањето на „Adobe“ на стартапот „Figma“.
Според агенцијата Frence Presse (AFP), Европската комисија сѐ уште не потпишала договор со Фиона Скот Мортон.
Именувањето на Скот Мортон доаѓа во моментот кога Европската унија треба да ги спроведе новите амбициозни закони за регулацијата на споменатиот сектор, а шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен се најде под жестоки критики и обвинувања дека е „премногу атлантски“ настроена. Покрај тоа, се напомнуваат неодамнешните медиумски извештаи базирани на изјави на лица од Вашингтон дека Фон дер Лајен е еден од главните фаворити на американскиот претедател Џо Бајден за следен генерален секретар на НАТО в година кога дефинитивно по неколкуте продолжувања на мандатот од позицијата ќе треба да замнине актуелниот челник Јенс Столтенберг.
Францускиот министер за дигитализација и телекомуникации Жан-Ноел Баро ја повика Европската комисија да го „преиспита својот избор“, бидејќи тоа „именувње ќе предизвика легитимни прашања“.
„Да се вработи американска лобистка на GAFAM (Google (Alphabet), Apple, Facebook (Meta), Amazon i Microsoft), и тоа во моемнтот кога Европа се обидува да го ограничи нивното влијание, па тоа е неверојатно. Тоа именување, најблаго речено, е чудно, а во најлош случај е опасно (….) Комисијата мора тоа да го отфрли“, изајви францускиот европратеник Жефроа Дидие.
Европратеникот на Зелените, Јаник Жадо именувањето на Скот Мортон го нарече „скандал“ и ја повика фон дер Лајан да ја „поништи таа одлука која е во спротивност со етиката“.
Именувањето на поранешната американска функционерка во исклучително важниот и елитен оддел на Европската комисија предизвика бран критики и пред да биде објавено, вклучително силни реакции на бројни невладини здруженија и профилни организации.
На почетокот од мај, група здруженија од невладиниот сектор изрази во заедничко писмо до еврокомесарката за заштита на пазарната конкурентнотст Маргете Вестагер загриженост поради именување на Скот Мортон на функцијата главна економистка на Европската комисија. Предупредија на можен судир на интересите, „невообичаената“ постапка на именувањето и мислењата на Скот Мортон за решавањет на проблемите со преголемата концетранција на економска моќ.
„Професорката Фиона Скот Мортон ‘на хартија’ го прифаќа широкото толкување на поимот благосостојба на потрошувачите, кое го надминува прашањето на цените и квалитетот на производите, но одбиваше да го применува во праксата“, тврдеа во заедничката реакција ораганизациите Balanced Economy Project, Corporate Europe Observatory, European Digital SME Alliance, Irish Council for Civil Liberties, LobbyControl и Open Markets Institute.