Париз го испраќа амбасадорот во Анкара по „појаснувања“

Париз во недела ќе го испрати во Ангата својот абмасадор во Турција за да добие „појаснувања“, една седмица откако го повлече на по најновите вербални напади на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган на Франција и нејзниот претедаетл Емануел Макрон, соопшти во саботата вечерта францускиот министер за надворешни работи, Жан-Ив Ле Дриан.

На погребот на францускиот гимназиски професор кој пред две седмици беше обезглавен од свој 18-годишен ученик од чеченско потекло роден во Москва поради тоа што на предавање за слободата на говорот покажал карикатури на пророкот Мухамед, францускиот претседател Емануел Макрон истакна дека Франција ќе стои зад слободата на говорот алудирајќи и на објавувањето на карикатурите, како дел од европските и франциските вредности. Истовремено францускиот челник вети и спротиставување на екстремниот исламизам, на што во муслиманскиот свет беше одговорено со масовни протести и повици за бојкот на Франција.

„Турција свесно го злоуптреби тој напад и спроведе кампања на ширење омраза и клевети против нас“, истакна шефот на француската дипломатија во разговорот за телевизискиот канал RTL.

„Забележувам дека реакцијата на турските властио на денот на нападот во Ница беше сосема поинаква, јасна и недвосмислена, но сепак бара појаснување“ од страна на Анкара, додде Ле Дриан.

Во четвртокот 21-годишен илегален имигрант од Тунис, пристигнат во Европа на почетокот од септември изведе напад во базиликата Нотр Дам во центарот на Ница, ранувајќи повеќе и убивајќи уште три лица, од кои една жена ја обезглавил, Бразилка која подолго време живее во Франција, самохрана мајка на три деца.

„Така, побаравме од нашиот амбасадор утре да се врати во Анкара и со тирските власти да разговара за тоа барање за појаснување и толкување на неодамнешните навредливи изјваи, но и за повеќемесечните дестабилизрачки активности на Анкара во Либија, во источен Медитеран и во Нагорно Карабах истовремено“, рече францускиот монистер за надворешни работи.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердгон пред десетина дена ги нападна мерките на неговиот француски колега по должност Емануел Макрон за борба против исламистичкиот екстремизам и активизам, тврдејќи дека тие претставуваат одмазда кон муслиманите. Макрон претходно по двата исламистички напада во Париз најави мерки за борба против исламистичкиот активизам и се зазема за градење ислам кој одговара на „вредностите на Републиката“. Рече дека владата работи со главната муслиманска организација во Франција за да изгради „ислам на просветителството“ кој може да биде „во мир со Републиката“. Ердоган исто така на неколкупати во своите јавно говори го доведе во прашање во менталното здравје на Макрон и му предолжи да се прегледа.

Франција и Турција стојат на различни позиции и поддржуваат спротиставени страни во конфликтите во Либија и Нагорно Карабах, а Париз ја обвинува Анкара за нејзините подводни итражувања на наоѓалишта на енергенси во Средоземното Море во водите на кои право полага и Грција.

Ле Дриан ја даде изјавата неколку часа по објавивањето на интервјуто на Макрон за панарапската телевизија Al Jazeera, во коешто францускиот претседател се обиде да го примири гневот во муслиманскиот свет против Франција, велејќи дека може да го сфати дека муслиманите се „згрозени“ од карикатурите на пророкот Мухамед, но воедно ги осуди „манипулациите со неговите изјави“, како и со манипулациите и поттикнувањата на насилства.