Протестот на илјадници Французи против претседателот Франсоа Оланд заврши со судир меѓу полицијата и демонстрантите, по што се уапсени 150 лица, а се повредени 19 полицајци.
Силите за безбедност употребиле солзавец за да ги растераат младитедемонстранти кои фрлале со шишиња, петарди, шипки и канти кон полицајците.
Според полициски извори, можно е еден полицаец да е потешко повреден.
Министерот за внатрешни работи, Мануел Валс, ги осудил насилствата на „поединцитe од различните групи на екстремисти и ултрадесничари, чија цел била да предизвикаат немири“.