Француската престолнина Париз во неделата е под силен полициски надзор откако ден претходно во предградијата се собраа илјадници демонстранти против ткн „ковид-пасоши“ во конвоите кои стасаа од разни делови ширум Франција, а некои се пробија и до центарот на градот.
Во твит париската полиција објави дека во неделата се распоредени нејзините припадници за да ги спречи демонстрантите од цела Франција да го блокираат градот во нивната акција наречена „Конвој на слободата“, која е забранат од властите. Од петокот до понеделникот ќе бидат мобилизирани околу 7.500 полицајци, се додава.
Во саботата демонстрантите против ковид-пропусниците, но и против францискиот претседател Емануел Макрон, не ја блокираа француската престолнина, како што првично имаа намера.
Полицијата уапсила 97 лица од кои 81 е во полициски притвор а мандатно казнила 513 демонстранти, според официјалниот извештај. Меѓу уапсените во саботата беше и Жером Родриже, еден од водачите на протестното движење „Жолтите елеци“.
Полицајците посебно интервенирале ноќта кон неделата во квартот Елисејски полиња и во Болоњската шума, западно од Париз, за да ги растераат последните демонстранти, соопшти париската полиција.
Во саботата рано попладнето повеќе стотици возијал успеаја да се пробијат до Елисејските полиња, но полицијата постепено ги отстрануваше со помош на солзавец.
Движењето е инспирирано со канадскиот „Конвој на слободата“ кој веќе трета седмица ја парализиран канадската престолнина Отава, а се појави и во новозеландската претолнина Велингтон. Во Франција ова движење обедени противници на ковид-пропусниците со кои на вкцаинираните против коронавирусот и осигурува пристап до бројни јавни места, како рестораните, кината…, но и демонстранти против зголемените сметки за енергија.