Сопственичка на погребално претпријатие Изабел Плумеро неодамна се возела со велосипед наменет за превезување ковчег и се надева дека наскоро ќе понуди нови „зелен“ начин на одржување на погребите во француската престолнина Париз.
„Тивките, еколошки освестени погреби се мал но растечки тренд“, вели Плумеро вели дека транспортот на ковчезите со посебно дизајнирани товарни велосипеди можат на погребот да му дадат „поприродно темпо“.
Додека таквиот начин на транспортот на погребалниот ковчег веќе постои во неколку земји, меѓу кои се и Швајцарија и Данска, нејзиниот велосипед бил првиот во Франција, вели оваа 51-годишна сопственичка на погребално претпријатие.
„Има смисла да се комбинира велосипедот и погребалното возило, бидејќи, кога зборуваме за велосипедите во Париз, зборуваме за мека мобилност и доколку постои ден кога ние е потребна мекоста, тоа е денот кога испраќаме некој кого го сакаме на неговото последно почивалиште“, вели Плумеро.
„Сите одат со исто темпо (зад товарниот велосипед и се слушаме, ги слушаме звуците околу нас, ветрот во крошните на дрвјата, птиците. Според мене, ова е најдобриот начин да се утешите“, додава.
Плумеро вели дека веќе има добиено службено одобрување за возење, откако се прилагодила на француските процеси, како и дека само уште го очекува одобрувањето од нејзината осигурителна куќа.
Минувачите го разгледувале велосипедот за транспорт на ковчегот, пишува Reuters. „Доста е иновативно“, рекол 49-годишниот Елие Мезју и додал дека не би го сакал за сопствениот погреб,