Новиот Бундестаг во Германија ќе биде избран во февруари следната година. После заеднички дискусии, лидерот на пратеничката група на германската Социјалдемократска партија, и лидерот на пратеничката група на Христијанско-демократската унија, постигнаа договор изборите да се одржат на 23 февруари.
Затоа канцеларот Олаф Шолц ќе побара гласање на доверба пред 15 јануари, пишува Билд.
Генералниот секретар на ЦДУ, Карстен Линеман изјави дека новите избори ќе се случат или 16 или 23 февруари.
„Се надевам и сигурен сум дека наскоро ќе стане јасно“, рече Линеман.
Изборната комисија на Бундестагот на посебен состанок расправаше за подготовките за престојните предвремени парламентарни избори.