Парламентот на Република Српска го поддржа законот за „странски агенти“, ЕУ изрази „сериозна загриженост“

Парламентот на Република Српска во четвртокот, со гласовите на владејачкото мнозинство на претседателот Милорад Додик, го усвои предлог-законот со кој се предвидува регистрација на невладините организации како „странски агенти“, се наметнува надзор врз нив и се воведува можност за забрана за работење.

Актот за посебен регистар и јавност на работата на непрофитните организации, како што гласи целосниот назив на тој документ, на предлог на Додик е доставен во собраниска процедура и особено строго ги третира сите организации кои добиваат каква и да е финансиска поддршка од странство.

Предлог-законот предвидува нивна посебна обврска да се регистрираат под ознаката „агенти на странско влијание“, се воведуваат строги финансиски контроли и им се забранува секаква политичка активност, а им се заканува и затворање доколку властите оценат дека нивните активности го нарушуваат уставот на српскиот ентитет во Босна и Херцеговина.

Во расправата во парламентот, претставниците на опозицијата истакнаа дека тоа е „нов обид да се задуши слободата на јавното дејствување“, по претходно усвоените измени на кривичниот законик на Република Српска, со кои се воведува криминализација на клеветата.

Донесувањето на ваков закон претходно остро го осудија Делегацијата на Европската унија во Босна и Херцеговина, Амбасадата на САД коишто први во светот уште пред повеже од век и половина имаа идентичен закон, како и Управниот комитет на Советот за имплементација на мирот (PIC), со оценка дека Република Срспка „се обидува да го искористи рускиот модел на потиснување на критиките на власта“.

Нацртот на законот сега е испратен на јавна расправа која треба да трае еден месец, а потоа повторно да се расправа во форма на предлог во парламентот.

Набрзо потоа во четвртокот Европската унија изрази „сериозна загриженост“ поради усвојувањето на нацрт-законот во Република Српска, со кој невладините организации се назначуваат како странски агенти.

„Европската унија е сериозно загрижена поради неодамнешните законодавни иницијативи и најави во ентитетот на Република Српска кои се спротивни на европскиот пат на Босна и Херцеговина, вклучително и предлог-законот за посебен регистар и јавност на работата на непрофитните организации, во кој невладините организации се означени како странски агенти“, се вели во соопштението на службата за надворешни работи на Европската унија.

ЕУ посочува дека конечното усвојување на овој закон „би противречи на обврските на раководството на Република Српска за унапредување на европската интеграција на Босна и Херцеговина, особено клучниот приоритет за граѓанското општество и клучниот приоритет за слободата на изразување и медиумит“е.

ЕУ, исто така, ги повикува претставниците на парламентот на Република Српска да ја прекинат постапката за усвојување на овој предлог-закон.

ЕУ го изразува и „своето жалење“ поради неодамнешното стапување во сила на измените на Кривичниот законик на РС, со кои повторно се воведуваат кривични санкции за клевета, што наметнува непотребни и несразмерни ограничувања за независните медиуми и граѓанското општество и претставува „за жалење и неоспорно голема чекор назад во заштитата на основните права“.