Премиерниот натпревар од 28. коло во италијанската Серија А, дуелот помеѓу екипите на Верона и Интер, заврши со сигурен триумф на „нероазурите” од 2:0.
Гостнот дојде во посакуваното водство со погодокот на аргентинскиот интернационалец Родриго Паласио, а во листата на стрелци се запиша и бразилскиот интернационалец Џонатан.
Од денешните натпревари, најголемо внимание би требало да привлечи дуелот на „Сан Сиро”, помеѓу екипите на Милан и Парма.
Домаќинот нема право на нов кикс, а предводникот на „росонерите”,Кларенс Сидорф потврди дека повторно ќе му даде шанса на контроверзниот напаѓач Марио Балотели кој е посочен како главен виновник за очајните резултати на Милан во актуелната сезона и за елиминацијата во Лигата на шампиони.
Актуелниот шампион на Италија, тимот на Јувентус важи за апсолутен фаворит во првенствениот дуел против секогаш незгодниот тим на Џенова, а фаворитската улога но во дуелот против Киево, ќе треба да ја оправдаа фудбалерите на Фиорентина.
Денеска на програмата: Аталанта – Сампдорија, Калјари – Лацио, Милан – Парма, Ливорно – Болоња, Сасуоло – Катанија, Фиорентина – Киево, Џенова – Јувентус.