По завршувањето на првиот круг од локалните избори, од Партијата за движење на Турците (ТХП), соопштија дека со иста посветеност продолжуваат со изборните активности за вториот круг.
-Како единствена прогресивна партија на турската заедница во Република Македонија, остануваме доследни на нашите политички определби, кои се втемелат на демократските вредности и принципи. Здравата иднина на нашата земја, како и општата благосостојба на граѓаните секогаш биле и ќе останат приоритет на ТХП. А со таа цел, без никакви калкулации, остануваме дел од владиното мнозинство и веруваме дека со повеќе напори ќе успееме да ги коригираме недостатоците и ќе ги оправдаме очекувањата на граѓаните – соопштија од партијата.