Партиите во Италија бараат од Матарела да продолжи да ја извршува претседателската должност

Владејачките италијански партии во саботата и официјално побраа од осумдесетгодишниот Серџо Матарела да продолжи да ја извршува должноста претседател на државата, откако по цела седмица гласање не успеаја да постигнат договор за компромисен кандидат.

Матарела претходно ја отфрлаше можноста да остане на оваа должност, а сѐ уште не го коментираше барањето, но имајќи ја предвид загрозената политичка стабилност на Италија, се чини малку веројатно дека ќе успее да се одбрани од притисокот, уште повеќе што пратениците на гласањето масовно го впишувале неговото име на избирачкото ливче.

„Италијанците не заслужуваат дополнителен смут во државата“, изјави Матео Салвини, челник на суверенистичката десна партија Лига, барајќи од Матарела „да се жртвува“ за доброто на земјата.

И центристичкиот бирократски премиер Марио Драги во саботата во телефонски разговор го повика Матарела да остане на досегашната должност, според неименувани политички извори на италијанските медиуми.

Иако Драги претходно јасно даде до знаење дека тој би сакал да ја преземе претседателската функција, но главните партии одбија да го предолжат, најмногу поради стравувањето дека таквата остра промене на улогите би можело да предизвика распаѓање на и онака кревката влада и распишување предвремени избори.

Вторпат последователно од претседателот на Италија се бара да го обнови својот седумгодишен мандат. Во 2013 година, кога на чело на државата беше Џорџо Наполитано, политичките челници не успеаја да најдат кандидат за консензуално решение. Наполитано безволно се согласи, но по две години веднаш штом беше формирана владата се повлече од должноста отворајќи го патот на местото претседател на Републиката да стапи Матарела.

Политичките коментатори сметаат дека доколку Матарела се согласи на вториот мандат, како што се очекува од него, и тој би поднел оставка веднаш што тоа ќе го овозможи политичката ситуација во земјата.

И додека Лига и десничарската Напред Италија (Forza Italia) ја профаќаат можноста на статус-кво, нивните сојузници од национално конзервативната партија Браќа на Италија (Fratelli d’Italia), кои не ѝ се придружија на владејачката коалиција, го осудија секаквото маневрирање зад кулисите. Челничката на оваа партија, Џорџа Мелони, ги обвини своите сојузници дека го „отстапуваат“ претседателското место за да обезбедат владата да остане на власт до крајот на мандатот 2023 година.

Влогот во претседателските избори во Италија се големи, иако шефот на државата нема големи овластувања. Улогата на претседателот е сепак важна при именувањето на премиерот и често е повикуван во посредување при решавањето на политичките кризи во третата по големина економија во еврозоната каде што владите просечно остануваат на власт малку повеќе од една година.