Српската напредна партија на Александар Вучиќ има највисок рејтинг меѓу партиите во Србија, пишува денеска српскиот весник „Блиц“.
Според анкетата направена од институтот ЦЕСИД , по нарачка на весникот за партијата на Вучиќ би гласале 44 отсто од гласачите. Српската напредна партија, според „Блиц“, е на пат да освои апсолутно мнозинство на предвремените избори, бидејќи има три пати поголем рејтинг од првата партија противник.