Партнерите на СДСМ објаснуваат што Заев потпиша во договорот со Бугарија: „Македонија е измислица на Белград и титова Југославија“

Партнерите на СДСМ во потпишувањето на договорот за добрососедство за кого разговори се водеа 10 години, а Заев се сложи на сите барања на Бугарија за 10 минути, отворено и без задршка ги повторуваат и утврдуваат своите позиции кон Македонија и објаснуваат какви импликации ќе има за нашата држава она што Заев, Димитров и Шекеринска го потпишаа со Владата на Република Бугарија.

Министерот за одбрана на Бугарија и лидер на националистичката ВМРО-БНД Красимир Каракачанов зборувајќи за договорот со Бугарија, заедничката историја и Македонизмот, вели дека македонската историја и нација се измислени во титова Југославија, повторувајќи го она што сите логички го заклучија – Бугарија не направила никакви отстапки во договарањето со Македонија, односно како што се гледа и од потпишаното и од изјавите, Заев се сложил на сите максималистички барања, дефиниции и позиции на бугарската страна.

„Каракачанов: Се разбира дека сите тие расправии кои течеа да кажеме 50-60 години, кои што беа создавани во времето на титова Југославија, целата таа измислица чии последици ги набљудуваме до ден денес беа една политика на Белград, тоа е факт.

https://www.youtube.com/watch?v=qEqSS1gaK50

НОВА ТВ: Навистина ли не направивме никакви отстапки за време на преговорите, до официјалното потпишување?

Каракачанов: Не станува збор за отстапки, не сме направиле отстапки, го регулиравме начинот на кој двете земји ќе соработуваат.“

КОЈ Е НАЧИНОТ?

zaev-borisov-goce-delcev-640x384

Каракачанов е дециден и прецизен – според потпишаното во договорот ќе се формираат комисии за проценка на историските факти, кои ќе утврдуваат дали Гоце Делчев е лик од заедничката историја на државите, дали е Македонец или Бугарин – при што Каракачанов и Бугарија никогаш нема да отстапат од тезата дека нашиот национален херој и апостол на револуционерната борба е всушност „нивни“ и дека нашата историја е измислица на коминтерната.

https://www.youtube.com/watch?v=HTRjHHVuMDQ

Каракачанов за Гоце Делчев вели дека нема што да делиме околу него, бидејќи било евидентно дека е Бугарин.

Понатаму, на патот до ЕУ ќе треба да се сложиме и дека Скопје бил голем бугарски град. Бугарите за Скопје велат дека е првиот град од бугарските земји во кои започнале протести против грчката црква

А за Илинденското востание, комисијата која ќе биде формирана ќе има за задача да го утврди следното – Дека станува збор за најголемото бугарско востание во турското ропство.

https://www.youtube.com/watch?v=cAlW8J_6K2A

Најголем апсурд е што Бугарите ќе започнат да го слават Илинденското востание само поради свитканата кичма на Зоран Заев, тие досега никогаш немале претензии на самото востание, туку кон голем дел од ликовите кои се бореле во него. Но сега видоа совршена прилика за да си го присвојат како свое востанието кое е дел од химната на Република Македонија како еден од клучните темели на нашата државност и независност.

Зошто? Затоа што сите народи на нашата планета се чини дека имаат однос кон националната историја и нејзиното суштинско значење во градењето на една нација и суверена држава – освен Зоран Заев кој не само што е подготвен туку и најави на отворена сцена, гласно, да го чујат сите соседи дека планира да води непатриотски политики на виткање на македонската кичма.

Тоа и го докажа досега во два наврати: со прифаќање да ги исполни уцените на албанските партнери кои го донесоа на власт за да ја направи Македонија двојазична, да и ја наруши унитарноста што е вовед во редефинирањето на земјата кое одамна е најавено.

Второ, Заев ги прифати сите позиции на Софија – и потпиша дека ако не почитуваме некој дел од договорот (како на пример делот дека Гоце Делчев бил Бугарин) тогаш Бугарија ќе не тужи пред меѓународни судови и ќе не блокира за влез во ЕУ – што беше, нели, основната причина поради која Заев реши да ја витка кичмата на цел еден народ, на неговите претци и идни поколенија.

https://www.youtube.com/watch?v=Jt3h7fW_Cdw

Ако било која влада во иднина реши да не го почитува договорот, потписот кој Заев сега го стави значи дека Бугарија ќе има легитимно право да не блокира за влез во НАТО и ЕУ. Односно, од немање проблем со Бугарите, сами се сложивме да си ја менуваме историјата, идентитетот, како вовед во промена на името на државата, потпишувајќи договор со земја која има сериозен проблем да го признае постоењето на македонскиот народ и јазик. Односно, со јавното најавување на политиките на виткана кичма помогнаа во создавање на нови проблеми како оној со Грција, и онаму каде ги немаше.

НЕМАШЕ ДА ИМА ВАКОВ ДОГОВОР АКО ВМРО-ДПМНЕ БЕШЕ НА ВЛАСТ

„Сегашниот резултат по македонското прашање беше постигнат пред се затоа што се смени власта во Скопје“, изјави пратеникот на БСП и поранешен министер за надворешни работи на Бугарија Кристијан Вигенин на седницата на која се дискутираше за договорот за добрососедство кој ќе го потпишат Заев и Борисов на 1-ви август во Македонија.

Покрај поддршка од БСП и Герб на Борисов, договорот меѓу Македонија и Бугарија доби особена поддршка од најголемите бугарски националистички партии ВМРО-БНД и АТАКА.

zaev-borisov

Сите пратеници во Бугарија со 206 гласа ЗА, и ниту еден воздржан или против, ја поддржаа Владата да го потпише договорот со Македонија поради кој, како што вели Каракачанов, Бојко Борисов од наредните генерации ќе биде славен како Цар Борис III Обединителот – односно човекот кој во втората светска војна ја проширил Бугарија во границите на Санстефанскиот договор.

Бугарите договорот кој свиткан во кичмата им го потпиша Заев притоа смеејќи се го слават како да е остварување на санстефанскиот сон за поседување и бугаризација на Македонија. Заев и Димитров пак тврдат дека ја доближувал Македонија до ЕУ и дека не бил штетен. Истото го тврди и Каракачанов, човек кој не отстапил ни милиметар од своите позиции во финализацијата на овој договор.