Паскали: Македонија и САД јасни сојузници кон заеднички непријател, Сорос!

сорос
Интервјуто следи веднаш по инаугурацијата на 45 американски претесдател, Доналд Трамп.
„Сорос нема голема иднина во политиката. Новото раководство го гледа како непријател на американскиот народ. Очигледно, тој не може да запре со своите провокации; со разнишано его и галопирачка сенилност, неговата моќ е урната. Неговите измеќари веќе не ја претставуваат американската „држава во сенка“. Тој веќе не може да ги корумпира луѓето делејќи им пари за операции кои сега ќе се сметаат за напад против националните интереси на САД…“потенцира американскиот експерт и додава:
„И ова нè доведува до Македонија. Земјата беше една од омилените цели на Сорос. Изненадувачки голем процент од неговиот буџет за валкани трикови беше потрошен на Македонија. Таа му стана опсесија. Не знаеме дали може да им се верува на гласиштата за сенилна деменција, но факт е дека бесот на Сорос против Македонија и против Никола Груевски го прави да изгледа, според некои балкански набљудувачи, сè повеќе како во како цртаниот филм „Којотот и Брзата птица-итрица“: постојано подготвен да ја убие Брзата птица-итрица и постојано поразуван. Зошто ваква садистичка опсесија? Најверојатно, затоа тоа што малата Македонија можеше да се одбрани потпирајќи се на сопствените сили; со храброст, решителност и … елеганција…“, нагласува Паскали, и објаснува:…„ За грабливиот нацистички колаборационист, тоа мора да е неподносливо“.
 
Никола Груевски, додава Паскали, уште пред инаугурацијата ја фрли ракавицата со страсно и силно интервју, напаѓајќи го предаторот. Ова, потенцира Паскали, може да се сфати како фактичка соработка против заедничката опасност, меѓу лидерот на Македонија и Доналд Трамп.
 
Запрашан во интервјуто за Програмата Гласот на народот, дали може да се споредат Трамп и Груевски во делот на стратегијата „Стоп операција Сорос“, американскиот експерт и догогодишен критизер на мизантропот Сорос, Паскали со одговор:
„ Да, се разбира, двете земји не може да се споредуваат квантитативно. Но, секако, постои квалитативна сличност меѓу двајцата лидери. И двајцата се чинат решени да го бранат својот народ од предатори и паразити…“!, категоричен е Паскали, и додава: 
 
„Храбрите зборови на Груевски исто така одекнуваат на Балканот и во Европа. Додека Трамп се занимава со чистење на паразитската наезда од незаситниот естаблишмент во САД, Македонија и Груевски се во најдобра позиција да „затрубат“ за тревога и да им дадат сигнал на сите земји на Балканот и пошироко. Кредибилитетот стекнат низ многуте години отпор е капитал што не се купува со пари…“, истакнува американскиот аналитичар Паскали во интервјуто за Гласот на народот.
„На крајот и последното важно прашање : Што ќе се случи со соросоидите откако Сорос ќе биде сместен на место каде што може да се одмори и да се излечи од својата Македоманија? Што ќе се случи со Зоран Заев?И што ќе се случи со таканаречената специјална обвинителка Катица Јанева, која само донесе гротескна и крајно срамна одлука да го „помилува“ Заев за неговиот обид за државен удар и бесрамни махинации?Тој со одговор:
 
 „Добро е познато дека Заев призна (или подобро, се фалеше) дека е под заштита на голема – многу голема – разузнавачка служба и дека долгата, софистицирана работа на нелегално шпионирање ги произведе „бомбите“.
 
Па, која ли би можела да биде оваа мистериозна голема разузнавачка служба? Хм, ајде да размислиме. Може ли да биде ЦИА на Џон Бренан, кој сега е ставен во тесно, откако се обиде да направи сличен трик против Доналд Трамп? ,истакнува Паскали, и додава:   „Трикот со досието полно со лажни вести наложено од непријателот на Трамп и вметнато како уценувачка „бомба“ во досието подготвено од многуте американски разузнавачки агенции … и потоа доставено до медиумите.
 
 Што може да биде причината за бизарното и нелегално шоу на Јанева? , прашува Паскали, и со одговор:
 
..„Секако, тоа не изгледа како знак на сила; повеќе како очај и будалаштина. Многу може да се очекува дека со радикалната промена во САД, соросоидите, почнувајќи од Заев, нема да ја уживаат заштитата на високо ниво уште долго. Така, одлуката на Катица Јанева можеби е со цел да го спаси пред да стане предоцна. Но, тие погрешно пресметале колку бргу неговиот претходен статус на недопирливост може да исчезне.
 
Во Вашингтон, се чини дека сите знаат оти Бренан и многу други од шефовите на 17 (17!) разузнавачки агенции се на заминување. Се чини дека огромното мнозинство на луѓе кои работат во овие агенции се молеа некој како Трамп да ги ослободи од политички именуваните, политички маневрираните и некомпетентни шефови.
 
Изгледа дека надворешната политика на САД нема уште долго да оди преку овие луѓе. Македонците имаат солидна основа да се надеваат дека долгиот народен отпор и одбраната на нивната земја и нивните избрани лидери сега ќе бидат преведени во енергична, просперитетна и суверена држава.
Држава почитувана од семејството на суверени држави. Па дури и СДСМ може да се надева дека ќе се врати како чесна партија во Македонија, а не како инструмент на непријателите на Македонија.,изјави во екслузивното интервју за Програмата Гласот на народот со Слободан Томиќ, американскиот аналитичар Умберто Паскали