Пасошот за вакцинација најбарана фалсификувана „стока“, не се фалете на социјалните мрежи дека сте имунизирани

Во Германија во моментов најбарани се пасошите за вакцинација, а се појавуваат се поголем број на фалсификувани документи.

Јавното обвинителство во Минхен соопшти дека сега пасошот за вакцинација е „најбарана факсификувана роба“. Преку онлајн платформи, може да се дојде до ваков фалсификат.

-Цените на фалсификуваните пасоши за вакцинација со внесени вакцини против Ковид-19 се меѓу двоцифрен и низок троцифрен број, се наведува во соопштението.

Постојат и „акции“ за оние кои нарачуваат повеќе од еден пасош. Полицијата укажува дека овие пасоши лесно се фалсификуваат, бидејќи бланко обрасците може легално да се нарачаат, а печатот на лекар лесно се добивал.

Потребниот сериски број на вакцината фалсификаторите го превземаат од лицата кои се вакцинирале и со тоа се пофалиле на социјалните мрежи.