Преку проектот „Патуваме во Европа“ 12 студенти од Македонија ова лето ќе добијат можност да ја истражуваат Европа и да ја промовираат својата земја.
Сите студенти во завршна година од студирање или апсолвенти, со просечна оценка во текот на студирањето поголема од 8 имаат можност ова лето да влезат во ЕУ.
Од реализаторот на проектот, Граѓанската асоцијација МОСТ, со помош на донаторите и спонзорите, обезбедени се Интер Раил карта за неограничено патување со воз, ИСИЦ картичка, патничко осигурување и дел од средствата кои ќе им бидат потребни, на платежна картичка.
Конкурсот за пријавување на студенти е отворен до 1 јули, а патувањето ќе започне на 29 јули. Аплицирањето е електронски, а формуларите и сите информации за проектот се достапни на интернет страната на проектот www.patvoevropa.org.mk.
Целта на овој проект е 12 студенти од Македонија, преку патување и посети, директно да се запознаат со демократските вредности, навики и култури во другите земји, и да ги промовираат и доближат тие вредности во Македонија. Во исто време студентите ќе ја промовираат и Македонија.
„Патуваме во Европа” e регионален проект што се реализира во последните седум години во Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија и Косово