Чифтот патики на според многумина најдобриот кошаркар во историјата, Мајкл Џордан, се продадени на наддавање во неделата за 190.373 долари, со што е поставени нов рекорд за патики кои се користени на кошаркарски натрпевар.
Легендарниот кошаркар играше со патиките „конверс“ на мечот за златниот медал против Шпанија на Олимпијадата во 1984 година во Лос Анџелес, потсетува телевизијата ESPN.
„Рекордната цена докажува дека Мајкл Џордан нема рамнопревен ривал на пазарот на кошаркарски сувенири“, изјави Дан Имлер, потпретседател на компанијата „SCP Auctions“, којашто ја организирала продажбата на патиките.
Патиките на Џордан од Олимпијадата во 1984-та се сметаат за последниот чифт кој го носел додека играл како аматер и последен пат носел патики на „Convers“ на официјален меч. Постигна 20 поени во победата на САД над Шпанија од 96:65 во салата „Форум“ во Инглвуд, предградие на Лос Анџелес, на 10 август 1984 година.
Џордан беше избран на драфтот од Чикаго Булс три седмици пред да го одигра својот прв натпревар за САД на Олимпијдата, во септемвр потпиша договор со Булси, а во октомври истата година со производителот на спортска опрема „Nike“.
Според ESPN, претходниот рекорд за чифт патики кои се продадени на наддавање изнесуваше 104.765 долари, исто така, за патики на Џордан кој ги носел на финалето од НБА лигата во 1997 година. Во нив Мајкл Џордан постигна 38 кошеви во победата над Јута Џез и покрј тоа што играше со симптоми на грип, а беа продадени во 2013 година.