Порталот нагласува дека за поконкурентна економија се потребни инфраструктурни проекти и подобри патишта. Градежната механизација интензивно работи на изградба на нови автопатски делници, како и модернизацијата на локалните патишта. Подеднакво се работи и на подобрување на регионалната патна инфраструктура. Во тек е изградба или реконструкција на осум регионални патни правци во земјава, во должина од 119 километри. Инвестицијата е околу 41,8 милиони евра. Се планира почеток на уште 16 регионални патни правци во должина од 276 километри, во што ќе бидат инвестирани 388 милиони евра.
Пресметките на Министерството за транспорт покажуваат – изградени или во тек на градба се 560 километри патишта, во план уште нови 200. Обновени се 390 локални патни правци во должина од над 700 километри. Во изминативе години, за изграба на патишта и железници се потрошени 80 милијарди денари, покажуваат пресметките од финансии. Од идната година, над 200 милиони евра се предвидени за подобрување на патната инфраструктура.
Покрај интензивната…