Покрај интензивната изградба на автопатите Миладиновци- Штип, Охрид- Кичево, Демир Капија- Смоквица, низ земјава ќе почнат да се градат и експресни патишта. Покрај Ранковце- Крива Паланка, ќе се гради и Штип- Радовиш, а понатаму и Кочани- Делчево, со што економијата во овој регион од Македонија ќе добие еден дополнителен стимул.
Експресна врска е предвидена и во охридско- струшкиот регион. Ќе се градат нови патишта на релација Охрид- Пештани, како и од Требениша до Струга. Следнава година треба целосно да биде готов експресниот пат Велес- Кадрифаково.
Развојот на патната инфраструктура е од огромно значење за Република Македонија. Инвестициите во нови патишта директно придонесуваат за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните, а тоа значи ангажирање на домашните градежни компании и отворање на нови работи места, изјави неодамна министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски.
Инфраструктурните инвестиции позитивно влијаат врз стопанството
Голем број работници…