Патрушев: Саботажата на Северен тек е слична на нападот на CIA во Никарагва

Саботажата врз цевководите на двата гасовода Северен тек наликуваат на нападот на американската Централна разузнавачка агенција (CIA) во 1983 година врз нафтената инфраструктура во Никарагва, изјави во средата главниот секретар на рускиот Совет за национална безбедност, Николај Патрушев, додека Русија бара да учествува во истрагата за истекувањето на гасот во Балтичкото Море.

Подводните експлозии во територијалните води на Шведска и Данска, на крајот на септември предизвикале истекување на рускиот гас од гасоводите Северен тек 1 и 2 во Балтичкото Море, за што Европската унија рече дека големи количества гас како очигледна последица на саботажата.

Рускиот претседател Владимир Путин во петокот директно го обвини САД и Велика Британија и нивните сојузници дека ги предизвикале експлозиите, што Вашингтон го отфрли.

Москва инсистира нејзини стручњаци, бидејќи станува збор за најголем дел руска инвестиција од околу 20 милијарди евра, да учествуваат во истрагата за истекувањата на гасот од Северен тек 1 и Северен тек 2. Шведска, којашто е задолжена од ЕУ за истрагата, го забрани пристапот до местото на саботажата во Балтикот.

„Неопходно е да биде спроведена истрага и, секако, со учество на Русија“, изјави денеска Сергеј Вершинин, заменик на рускиот министер за надворешни работи.

Патрушев во средата директно ја спомена американска CIA, откако минатата седмица западни медиуми посочија дека извесно време пред истекувањето на гасот над областите во морето каде се случи инцидентот биле забележани повеќе прелети на хеликоптери и авиони на американската воена морнарица.

„Потсетувам дека слична ситуација се случи и во 1983 година. Тогаш саботерите кои ги ангажирала CIA ги организираше нападите врз Никарагва, што предизвика експлозија на гасоводот во едно пристаниште“, потсетува еден од водечките руски политичари.

И минатата седмица Патрушев потсети дека западните земји веќе изведувале напади врз гасоводи низ светот.

Русија повторува дека експлозиите на гасоводите Северен тек 1 и 2 одат само во прилог на САД, а портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека сега, по оштетувањата на гасоводите по дното на Балтичкото Море, Вашингтон ќе може да ги зголеми цените и количествата на американскиот течен гас (LNG) кои ги извезува во Европа.

Како и Путин во петокот, и Патрушев денеска ги обвини „Англосаксонците“ дека за своја полза сакаат да ги втурнат Европа и Русија во меѓусебна конфронтација, за што во моментов ја користат Украина.

„Треба да се забележи дека Англосаксонците долго време се главните извори на нестабилноста во светот, без стеснување ги игнорираат нормите на меѓународното право го покажуваат својот вистински агресивен карактер“, го цитираат Патрушев руските медиуми.

Додава дека под „директно водство на Англосаксонците во Украина заживеа неонацистичкиот режим, наионалфашистичката идеологија почна активно да се инфилтрира во колективната свест… Притоа самата Украина се користи од Анголсаксонците како инструмент за борба против нашата земја“.