Овој италијански специјалитет, нормално без моцарела за тие што постат може да биде одличен лесен ручек или пак вечера. Печениот зеленчук не може без свежи зачини, а од сите најмногу му прилега босилекот.
Состојки:
250 гр. тикивички
200 гр. црвена пиперка
250 гр. домат
1 лаж. вегета
1 лаж. маслиново масло
200 гр. моцарела
За сос
2 лаж. исечкан босилек
3 лаж. маслиново масло
1 чешне лук
1 лажица оцет
Подготовка:
Тиквичките, доматот и пиперките исечкајте ги на долги парчиња, посипете ги со вегета и попрскајте ги го масло. Во тефлонска тавка, потпечете го подготвениот зеленчук. Босилекот измешајте го со маслиново масло. Топлиот зеленчук наредете го на чинија, а по него распределете ја исечканата моцарела, а посипајте го со подготвен прелив.
Совет
Во електрична сецкалка измешајте го исечканиот босилек, маслоново масло, оцет и исечканиот лук за да добиете покомпактна смеса.