Екипата на „Ферари“ остана без победа на на трката за Големата награда на Русија која во неделата се водеше во Сочи, по низата пехови и му подари успех на тимот на „Мерцедес“, а актуелниот првак во Светското првенство во класата Формула 1, Британецот Луис Хамилтон славеше пред тимскиот колега Хоканѓанецот Валтери Ботас и Шарл Леклер од Монако.
Ова е 82-та победа на Хамилтон во кариерата и деветта оваа сезона, со која го запре низот од три последователни победи на „Ферари“, во Белгија, Иалија и Сингапур. Фетел се откажал од трката поради дефект на моторот, објави по завршувањето на трката тимот од Маранело.
Во генералниот поредок води Хамилтон со 322 бодови, втор е Ботас со 249 бодови, а трет е Леклер со 215 бодови. Кај конструкторите „Мерцедес“ е во водство со 527, втор е „Ферари“ со 349 а рет „Ред Бул“ со 289 бодови.
„Ферари“ наместо да се радува на четврата победа во низа, доживеа катастрофа во Сочи. Трката започна одлично, Себастијан Фетел со извонреден старт го помина Хамилтон а потоа и Леклер и црвените болиди беа на чело на колоната.
По една срамна епизода на комуникација преку радиото и наредба Фетел да го пушти напред Леклер, падна договор рокадата да биде напревена подоцна, по што возачите на Ферари почнаа да билдаат предност.
И се беше според планот се до влегувањето на Фетел во бокс, набрзо потоа откажа нешто во неговиот болид и тој мораше да се паркира крај патеката. За малерот да биде поголем, неговото излетување предизвика виртуелно безбедносно возило, па Хамилтон без проблем направи пит стоп и ја зачува првата позиција.
Веднаш потоа излезе и безбедносно возило по сударот на Расел, а Леклер реши да се коцка и да влезе по свежи меки гуми и покрај тоа што значеше дека ќе назадува една позиција и ќе се најде зад Ботас.
Во „Ферари“ очигледно сметаа дека ќе успеат на патеката да го поминат финецот а потоа и да атакуваат на Хамилтон, но Ботас се покажа како тврд орев па „Мерцедес“ на крајот стигна до „еден-два“ победа, а Леклер мораше да се задоволи со последното место на пиедесталот.
Потоа следуваа Верстапен и Албон од Ред Бул, а во бодови уште завршија и Саинц, Перез, Магнусен, Норис и Хулкенберг.