Пекар згмечен од количка за леб

Скопјанец бил тешко повреден откако бил потиснат од количка натоварена со леб, информираше МВР.

Според полицијата, несреќата се случила еден час по полноќ во пекарата на улица Груица Војвода. Тогаш Б.И.(21) од Скопје, со количка во која имало леб, влегол во лифтот и од непознати причини во еден момент количката се превртела и го потиснала.

Пекарот со тешки телесни повреди бил пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза” за укажување лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.