Пекинг ги затвори метроата и автобуските линии за да го спречи ширењето на Ковид-19

Пекинг затвори 10 отсто од станиците на метрото од подземната мрежа, како и бројни автобуски линии, во обид да го запре ширењето на Ковид-19 и да го избегне сценариото во Шангај. Во Шангај веќе милиони жители се во строг карантин повеќе од еден месец.
Со десетици нови случаи на ден, Пекинг се обидува да го избегне целосното заклучување, како што направи Шангај на почетокот. Главниот град од 22 милиони луѓе затвори училишта и бројни компании, како и станбени згради во области со висок ризик, додека многу луѓе складираат основни потреби во случај на целосно затворање.
Вториот од трите планирани масовни тестови оваа недела, по трите масовни тестови минатата недела, се спроведува во 12 од 16-те области во Пекинг. Во Шангај крајот на заклучувањето сѐ уште не е на повидок.
Најголемиот кинески град и финансиски центар сè уште не им дозволува на повеќето жители да ги напуштат своите домови, но некои сепак имаа корист од малото олеснување од неделата, бидејќи на еден член на домаќинството му беше дозволено да оди на кратка прошетка и да купи намирници во супермаркетите.
Според последните податоци, во Шангај, градот со 25 милиони жители, откриени се 63 нови случаи на места каде што нема строга блокада, што укажува дека градот има начин да ја достигне целта, а тоа е неколку дена без поединечен случај, за да можат мерките да олабавуваат.
Во градот Џенгџу, каде живеат 12,6 милиони луѓе, во вторникот вечерта беше воведен карантин.