![Entoni Blinken Vang Ji](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/06/Entoni-Blinken-Vang-Ji.jpg?resize=640%2C417&ssl=1)
Шефот на кинеската дипломатија Ванг Ји му порачал на американскиот државен секретар Ентони Блинкен во понеделникот дека Пекинг и Вашингтон мора да изберат меѓу „соработката и судирот“, како и дека неговата земја нема да направи „никаков компромис“ кога е станува збор за Тајван.
„Потребно е да се направи избор меѓу дијалогот и судирот, соработката и конфликтот“, му изјавил на својот американски колега по должност Ванг Ју кој е највисокиот функционер за дипломатијата во Комунистичката партија на Кина, пренесува кинеската јавна телевизија CCTV.
„Одржувањето на националнот единство отсекогаш е во средиштето на кинеските темелни интереси и по ова прашање Кина нема да прави никакви компромиси или отстапки“ во врска со Тајван, исто така, му пренел Ванг на Блинкен.
Ентони Блинкен престојува во посета на Кина од неделата, што е првата посета на американски државен секретар на земјата којашто САД во своите стратешки безбедносни документи ја наведуваат како најголем ривал, опасност или непријател по посетата на Мајк Помпео во октомври 2018 година.
Кина го смета островот како дел од својата национална територија отцепена по граѓанската војна во 1949 година и не ги крие аспирациите за спојување па и со употреба на сила доколку е потребно. Според принципот „една Кина“, кој е инаку зацртан во односите на Кина со САД, ниту една земја не треба да одржува официјални врски со Пекинг и Тајпеј во исто време. САД главно се придржуваа до тој принцип на „статус-кво“, но ја задржуваат својата обврска и правото безбедносно да го помагаат островот.
Ситуацијата околу Тајван значително ескалира по посетата на островот на почетокот на ланскиот август на тогашната претседателка на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, што преставуваше отстапување на САД од долгогодишната практика на островот да не испраќа највисоки државни функционер. А тоа се повтори и годинава со посетата на тајванската претседателка Цаи Ин-венг на САД и средбата со наследниот на Пелоси, Кевин Меккарти.
Така, покрај многу проблематичното прашање за односите меѓу САД и Тајван, билатералните односи меѓу Вашингтон и Пекинг и натаму остануваат напнати по голем број прашања. Меѓу нив се и ривалството во технологијата, американските санкции против кинеските дигитални гиганти, трговијата, човековите права односно третманот на муслиманското малцинство Ујруги во Кина и кинеското полагање на право во Јужното Кинеско Море на глобално важниот поморски правец на кои право полагаат и американските сојузници на Пацификот.
Американскиот државен секретар Ентони Бликен, според некои најави, подоцна во понеделникот може да се сретне со кинескиот претседател Кси Џинпинг, на последниот ден од неговата посета на Пекинг чијашто цел е ублажување на билатералните тензии, а во контекстот на обидите на Вашингтон да извршат притисок врз Кина конечно да се дистанцира од Русија во нејзината инвазија во Украина.
„Искрени и содржински“ разговор
Американскиот државен срекретар Ентони Блинкен во неделата беше примен од кинескиот министер за надворешни работи Чин Ганг, кој во кинеската хиерархија е скалило под Ванг Ји.
Двајцата дипломати разговараа седум и пол часови, многу подолго од очекуваното, а според објавите по Пекигн и Вашингтон се договориле да ја одржуваат комуникацијата за да избегнат каков и да е судир.
Ниедна од делегациите не ја потврди средбата меѓу Блинкен и Кси, чија средба со американскиот претседател Џо Бајден во ноември на Бали на самитот на групата Г20 разбуди претпазливи надежи во затоплувањето на меѓусебните односи меѓу двете супер сили.
Средбата меѓу шефот на американската дипломатија и шефот на кинеската држава се чини веројатна, особено по разговорите минатата седмица во Пекинг меѓу Кси Џинпинг и соосновачот и поранешен извршен директор на американскиот технологшки гигант „Microsoft“, милијардерот Бил Гејтс, оценуваат американските геополитички аналитичари.
„Вие сте првиот американски пријател кого го среќавам оваа година. Отекогаш полагавме надежи во американскиот народ и се надеваме дека пријателството меѓу двата народа ќе продолжи“, рекол тогаш Кси, како што се толкува, сакајќи да испрати порака на помирување.
Двете земји објавија во неделата дека Чин Ганг ја прифатил поканата на Ентони Блинкен да ги посети САД.
Разговорите меѓу нив дввјца, заклучени вечерта со банкет во пекиншкиот дипломатски комплекс Диаојутаи, биле „искрени, содржински и конструктивни“, изјави портпаролот на американскиот Стејт департмент, Метју Милер.