Kина ќе ги поттикнува Тајванците да ѝ се придружат во птотивењето на независноста на Тајван и да го промовираат обединувањето со матичната земја, изјави во петокот кинескиот премиер Ли Кечијанг во извештајот до Кинескиот национален конгрес, со што веројатно ќе се влошат и онака заострените односи со Тајпеј.
Тајванската претседателка Цаи Инг-вен во својот инаугуративен говор во средата порача дека Тајван никогаш нема да ја прифати формулата „еден земја, два система“, според која како поранешната британска колонија како Хонгконг, био се вратил во составот на Кина со голем степен на автономија.
Ли во извештајот за работата на неговата влада, со кој го отвори годишното заседание на кинескиот парламент, рече дека Кина „решително ќе се спротистави и ќе ги спречи сите сепаратистички активности чијашто цел е независноста на Тајван“.
Кина ќе ги подобри политиките и мерките за да ја поттикне размената и соработката со Тајван, за да ја заштити благосостојбата на налселението на Тајван, додава Ли.
„Ќе ги поттикнуваме да ни се придружат во противењето на тајванската независност, како и во поттикнувањето на повторното обединување со Кина. Со овие напори сигурено можеме да создадеме блескава иднина за препород на кинеската нација“, порача Ли.
Одметнатиот Тајван не покажува интерес за обединување со Кина, каде што на власт е комунистичката партија. Пекинг му ја понуди на Тајпеј формулата „една земја, два система“, со што Тајван би добил значителна автономија во рамките на Кина, како Хонгонг. Но сите главни тајвански партии го отфрлаат ова решение.
На претседателските избори во јануари 2020 година, кандидаткајата на Демократската прогресивна партија, Цаи Инг-вен која е жестока противничка на обединувањето, го освои вториот мандат со 57,13 отсто од гласовите, додека кандидатот на Куомитангот, кој е понаклонет кон Кина, сови 38.61 отсто од гласовите. Пекинг стравува дека Цаи може да прогласи независност, но таа тврди дека Тајван веќе е независна земја со назив Република Кина.
Официјалните односи меѓу централната влада во Пекинг и властите во Тајпеј се прекинати во 1949 година, кога силите на Куомитангот, предводени од генералот Чанг Кај-шек, поразени во граѓанската војна со Кинеската комунистичка партија, се префрлија на островот Тајван. До 1971 година, кинеското место во ОН го заземаше Република Кина (Тајван), а до денес ја признаваат само 14 членки на ОН, како и Ватикан, како најзначаен меѓународен субјект кој одржува службени дипломатски односи со Тајван. Државите не може да имаат официјални односи истовремено со Кина и со Тајван, како што беше случајот со Македонија кон крајот на 1990-те и почетокот на 2000-те години.
Пекинг ги критикува односите на другите земји со Тајван, кој го гледа како своја покраина. Кинеските власти редовно протестираат и бараат од Вашингтон цврсто придржување на политиката на „една Кина“, а Тајван го сметаат за своја одментната покраина. Кинеските власти постојано остро ги критикуваат американските планови за вооружување на тајванската армија.
Деловните и неформалните контакти меѓу Тајван и континентална Кина беа обновени кон крајот на 1980-те години. Од почетокот на 1990-те години, пак, двете страни почнаа да комуницираат преку невладини органиации: пекиншката Асоцијација за развој на односите преку Тајванскиот теснец и Фондацијата за размена преку теснецот во Тајпеј. Пекинг, меѓутоа, не се откажува од обединувањето на Тајван со Кина, при што не ја исклучува ниту употребата на сила.