Пеколно лето за прогнозира на Балканот

Метеоролозите издадоа предупредувања за временските неприлики во периодот што ѝ претстои на Европа.

Во следните пет дена во Европа температурата на воздухот ќе биде поголема од просечната за ова време од годината, прогнозира „Север Ведер Јуроп” (СВЕ).

Во Централна Европа и делови од Скандинавија ќе има до десет степени Целзиусови повеќе од просечните температури за ова време од годината.

Во поголем дел од континентот пристигнува многу топол период. Само во Скандинавија ќе биде поладно, но сепак потопло од просекот за ова време од годината, прогнозира СВЕ.

За Балканот се најавува можност од бура и грмотевици, како и силен дожд и силни ветрови.