Пелистер поразен во АБА 2 лигата од Широки

Кошаркарите на Пелистер го претрпеа четвртиот пораз во петтиот меч сезонав во АБА2-лигата, откако вечерва во Сараево загубија минимално во пресметката со Широки 82-83.

Битолчани со серија 7-1 во самиот финиш намалија на само минус еден, имаа и напад за победа, но Димитар Караџовски го промаши шутот за победа.

Составот предводен од тренерот Марјан Илиевски долго ќе ја паметат средбата и тоа не само поради драматичниот крај, туку и поради одличната игра во поголемиот дел од средбата и водството со 24-13.

Никола Малешевиќ со 27 поени беше најпрецизен кај Пелистер, Игор Кесар постигна 23 поени, а Бојан Трајковски 12 поени за зелено-белите, за кои не настапи повредениот Стојан Ѓуроски.

Следната шанса за исправање на впечатокот битолчани ќе ја имаат задутре, кога ќе ги одмерат силите со Борац Бања Лука.

Вториот македонски претставник, екипата на МЗТ Скопје, настапот на турнирот во Сараево ќе го почне утре со дуелот против Хелиос (15 часот).