Претседателот на државата, Стево Пендаровски денеска во Собранието го имаше првото годишно обраќање. Се осврна повеќе актуелните теми од состојбите во правосудството, потфрлањето на власта на премиерот Зоран Заев да го испорача главното предизборно ветување –правда до Законот за јазици и претстојните избори.
Пендаровски ја пофали Владата за договорите со Бугарија и Грција, но му забележаа дека подзаборави и да ја искара за лошите политики, пропустите во владеењето на правото, неказнивоста на функционерите за неправилности во работата.
Шефот на државата на почетокот од својот говоро прво се пофали самиот себе дека во седумте месеци додека е на функција демонстрирал неутралоност и натпартизам.
Но, со оваа констатација на Пендаровски не се согласува опозицијата. Пратеникот Илија Димовски од ВМРО ДПМНЕ вели иако Пендаровски се обиде да гради мостови, сепак се уште не е излезен од чевлите на СДСМ и така само ги продлабочи поделбите.
„Очигледно покомотно се чувствува кога ги зазема ставовите на партијата. Чувме многу празни зборови, но не слушнавме ништо конкретно. Чувме дијагнози, но не чувме конкретни решенија“, изјави пратенкот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.
Пендаровоски во говорот порача дека сега кога Македонија е извесна 30 членка на НАТО не треба да се плаши да се отвори и кон трети земји. Но, пратениците од ДУИ иако го оценија говорот како коректен му порачаа дека сојузништва настрана од оние со САД и Европската Унија на земјата не и’ се потребни.
„Нашата цел е зачленување што побрзо во НАТО и во ЕУ, други сојузи освен овие што ги истакнав ние не познаваме. Во врска со комшиите ние секогаш се залагаме тој однос да биде фер и да биде во рамките на реципроцитет и пружање рака на соработка со нив“, изјави пратеникот Реџаил Исмаили од ДУИ.
Сепак интегративците се согласија со ставот на Пендаровски за Законот за јазици дека треба да се спроведат препораките во насока на обезбедување капацитети за целосно спроведување на Законот.
Но, СДСМ го пофали говорот со коментар дека се држел како вистински натпартиски претседател.
„За само две и пол години со речникот на претседателот за време на најбрзата обнова на институции во повоена Европа, СДСМ успеа да ја врати државата во нормала и да ја донесеме на прагот на членство во НАТО Алијансата и отворањето на преговорите со ЕУ. Значењето на Договорот од Преспа и Договорот со Бугарија за нас како држава и за нејзината иднина се исклучително важни. ЕУ и НАТО не се возможни без Договорот од Преспа, со кој државата излезе од децениска изолација и дојде на прагот на НАТО и ЕУ. Договор кој затвори 25-годишен спор и истовремено го зачува и обезбеди нашиот идентитет“, вели пратеникот на социјалдемократите Хари Локвенец.
На крајот од својот говор Пендаровски побара фер и демократски избори напролет како еден од условите за подобри аргументи пред Европската унија за напредок во евроинтеграциите.