Пендаровски: Бугарија го потроши својот политичкиот потенцијал во Европа за да може да става нови вета

Претседателот Стево Пендаровски вчеравечер во емисијата „Само интервју“ на телевизијата Канал 5 говорејќи за проблемот и решението со соседна Бугарија, поврзано со македонските евроинтеграции, посочи дека Бугарија го потрошила својот политичкиот потенцијал во Европа за да може да става нови вета.

„Јас тврдам дека Бугарија го потроши својот политички капитал во Европа за да блокира кандидатка за членство во Унијата со овие глупости што ги правеше во изминативе 3 години. И на крај, јас тврдам дека Европа им рече – еве ви бар нешто, за да не останете без ништо од сите ваши барања. Барањата на Бугарите беа анахрони, беа надвор од контакт со реалноста. Меѓутоа во тој период, Европа, за жал, не се бавеше со Бугарија, и тие велеа тоа билатерално да се реши. Кога се вклучи Европа индиректно тогаш рекоа – само Бугарите во Устав, другото заборавете го“, рече претседателот Пендаровски во интервјуто за Канал 5.