Престедателот Стево Пендаровски смета дека вториот бран на корона вирусот кој се разви по верските празници можеше да се избегне доколку целата Влада сложно застанаше зад мерките и прописите, без исклучок и гледање низ прсти на верските заедници. Голема вина имаат и верските лидери на ИВЗ и МПЦ кои неодговорно ги ставија во опасност верниците и граѓаните.
„Јас го реков тоа и на првата моја прес-конференција по повод првата вонредна состојба, ако е можно Саудиска Арабија со клуч да ги затвори џамиите, ако е возможно папата сам, комплетно сам, да држи миса, не гледам причина нашите цркви и џамии да бидат делумно отворени. И ние во тие две најголеми верски деноминации селективно да ги применуваме прописите, или работат или неработат“, рече Пендаровски.
Шефот на државата во инетрвујто за Слободна Европа се осврна и на актуелната полтичка ситуација во земјава и евроинтегративниот процес. Пендаровски посочува дека на државата и е потребна политичка влада, без тензии, која ке се справува не само со внатрешните туку и регионални како што во моментов е прашањето на Косово, при што во игра е можно прекривање на границите.