Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Монголија и на Република Гана, Сајана Лхагвасурен и Џејмс Комла Ниасемби. Како што информираа од Кабинетот, на церемонијата Пендаровски истакна дека постојат можности за посеопфатна развојна динамика на односите меѓу двете држави, како на билатерален, така и на мултилатерален план особено за продлабочување на економските односи, како и за збогатување на соработката во доменот на културата, науката и образованието.
Амбасадорката Лхагвасурен ја истакна целосната посветеност и давањето на највисок приоритет за промовирање на нови можности во билатералната соработка и унапредување на постоечките пријателски односи меѓу двете земји.
Амбасадорот Ниасемби изрази уверување дека ќе се работи на зајакнување на срдечните односи и соработка меѓу двете земји во контекст на подобрување на трговските, инвестициските и туристичките односи, како и соработката на билатерално и мултилатерално ниво за постигнување на глобален мир и начелата на одржливите развојни цели.
Пендаровски изрази уверување дека со заеднички напори ќе се придонесе кон продлабочување и збогатување на билатералните односи и меѓусебната соработка во сите сфери од заемен интерес на земјите и нивните граѓани.