Претседателот Стево Пендаровски за денеска во 13 часот свика седница на Советот за безбедност на Република Северна Македонија.
Седницата ќе одржи во Кабинетот на шефот на државата, а покрај членовите на Советот за безбедност, поканети се и началникот на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, директорот на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу и директорот на Агенцијата за национална безбедност Виктор Димовски.
Единствена точка на дневен ред е Информација за стратешките набавки во Армијата во наредниот период, соопшти Кабинетот на претседателот Пендаровски