Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан по повод божикните празници и својот именден – празникот на архиѓакон и првомаченик Св.Стефан, во понеделникот го приреди традиционалниот божиќен ручек за државниот врв.
На традиционалниот божикен ручек присуствуваа претседателот Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски.
Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан, секоја година организира божиќен ручек по повод божиќните празници и неговиот именден – празникот на архиѓакон и првомаченик свети Стефан.
На божикниот ручек којшто традиционално се приредува во резиденцијата на архиепископот присуствуваа и членови на Светиот синод на МПЦ-ОА, соопшти Кабинетот на Пендаровски.