Пендаровски: Компромис со Бугарија без да ги нарушува нашите национални и државни интереси

Претседателот Стево Пендаровски на денешната прес конференција со неговиот словенечки колега Борут Пахор, говорејќи за меморандумот од Бугарија кажа дека земјава е отворена за компромис по спорните прашања. Запрашан дали може да појасни за какви компромиси се мисли, Пендаровски вели:

 „Не можам уште сега да кажам каков компромис ќе биде. Тоа е процес што тече. Но, бидете сигурни, сите политички фактори, од наша страна, дека нема да дозволиме тој иден компромис по неколку точки од декларацијата да ги наруши нашите национални и државни интереси. Мислам дека сме на јасно кои се нашите црвени линии, неколку пати се јавно кажувани“, рече Пендаровски.