Претседателот Стево Пендаровски на 16 и 17 јануари 2024 година ќе учествува на 54. Годишен состанок на Светскиот економски форум, насловен „Обнова на довербата“ што се одржува во Давос, Швајцарската Конфедерација.
„Дипломатски дијалог за Западен Балкан“, на неформалниот собир на светски економски лидери „Враќање на вербата во глобалниот систем“ и на официјалната вечера „Градење на Европа на утрешнината“.
На годинешниот состанок на Светскиот економски форум во Давос е предвидено учество на над 100 шефови на држави и влади, претставници на водечките меѓународни организации, како и претставници на граѓанското општество, експерти, младински претставници, социјални претприемачи и новински куќи.