Пендаровски: Не знам дали ќе победам, сакам да ги видам резултати во недела

Во вечерната дебата Стево Пендаровски пред јавноста призна дека е свесен дека нема да победи на овие избори одговарајќи на прашање на еден од гостите во емисијата која прва земја би ја посетил ако стане претседател на Република Македонија.

-Не одам јас со помпезна политичка реторика дека јас ќе победам, дека ќе победам сигурно. И уште од сега да нарачуваме одела и музика, не сакам да учествувам во тоа. Јас сум бил и ќе останам политичар и не сакам да кажам уште сега како тоа ќе се прославува. Сакам прво да го слушнам гласот на народот, додаде Пендаровски.