Сето тоа се случува внатре во ЕУ, ние таму не сме играчи, нас не не прашуваат како би требало да гласат заклучоците. Словачка и Чешка реагираат рече претседателот Стево Пендаровски осврнувајќи се на блокадата на блокадата на заклучоците на ЕУ за Западен Балкан од страна на Чешка и Словачка.
Тој рече дека во основа на таа блокада се нивните интереси.
– Пред неколку дена во бугарскиот парламент се изгласа дека Кирил и Методиј се прогласуваат за бугарски просветители, а во Уставот на Словачка во Преамбулата каде што се опишува како се создавала државата, се споменати и Кирил и Методиј. И тие сега велат со став на ЕУ во целина, не можете да кажувате како е направена нашата држава. Јас разговарав со амбасадорите и им изразив благодарност. Но, треба да имаме предвид дека тие пред сѐ, си ги штитат сопствените прашања – рече Пендаровски во интервју за телевисија Канал5.
Во врска со ставот на Русија кон ова прашање претседателот рече дека Русија не го сменила својот став кон земјава и има став за битните маркери за македонскииот идентитет.
– Русија не е членка на ЕУ, и не може да влезе во расправа. Но, Русија секогаш потенцира македонски јазик, македонски народ – рече Пендаровски.