Пендаровски во вторник се среќава со Макрон, потврдија од претседателскиот кабинет

Претпладне на 12 ноември претседателот Стево Пендаровски ќе се сретне со францускиот претседател Емануел Макрон во Париз, потврдуваат од кабинетот на претседателот.

Тема на средбата ќе бидат македонските евроинтеграции и оваа средба доаѓа по повечемесечно неуспешно обидување на македонските власти да обезбедат прием во Елисејската палата. Претседателот Пендаровски инаку следната недела а 11, 12 и 13 ноември ќе престојува во Франција каде што ќе учествува на Парискиот мировен форум на кој ќе бидат 30 шефови на држави и влади, а обараќање ќе има на 12. Во интервју пак за МИА, заменик претседателката на францускиот сенат Елен Конвe-Муре која беше во посета на земјава вели дека за Северна Македонија не станувало збор за вето ниту пак за некакво одбивање од страна на Франција за доделување датум поради самата земја, туку поради потреба од реформа на унијата.

– „Можеби денес еу не е подготвена да прифати нови земји членки и неопходно е да се видат одредени критериуми кои што ќе помогнат да се пристапи кон членство и прифаќање на нови земји – кандидати.“