Пендаровски за „францускиот предлог“ се сретна со лидерите на ДОМ, ДС и ЛДП

Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба со претседателката на ДОМ, Маја Морачанин, претседателот на Демократски сојуз, Павле Трајанов и претседателот на Либерално-демократската партија Горан Милевски, партии кои се дел од владината коалиција.

На средбата се разговараше за актуелните политички случувања во земјата и за модифицираниот предлог на француското претседателство со ЕУ за почеток на пристапните преговори на Македонија со Европската унија.

Лидерите на трите партии ги образложиле партиските согледувања за францускиот предлог, и ги истакнаа нивните загрижености во однос на ипредлогот, соопштуваат од кабниетот на Пендаровски, без поединости за содржината на разговорите со тројцата партиски лидери.