Пенков: Минаа пет години во кои економијата е девастирана а животниот стандард уништен

Повеќе цели се нотирани во ребалансот на државната каса, но таму се работи класична игра на зборови затоа што пред шест месеци во Буџетот за 2022 година беа детерминирани малку поинакви цели, изјави претеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Златко Пенков, на седмицта во вторникот на собраниска Комисија за финансирање и Буџет.

Пенков посочи дека изминале пет одини поминаа, а економијата е девастирана и животниот стандард на граѓаните е уништен.

„Убеден сум дека Владата направи катастрофално промашување, затоа што ние во овој момент имаме двоцифрена инфлација. Сите индиции укажуваат дека јуни ќе биде и зголемена таа инфлација, но стапката на инфлација е проектирана со ребалансот на буџетот на 7,2 проценти а во првиот буџет беше проекцијата на 2,4 проценти“, рече Пенков.

Пенков потенцираше дека според реномирани економски институции Владата растот на БДП го претставува оптимистички а за разлика од тоа стапката на инфлацијата ја зема долната граница. Ние имаме двоцифрелна инфлација која секојдневно ги јаде парите на граѓаните, а ние имаме детерминирано 7,2 проценти, а тоа е исклучително лошо прогнозирање.