Пентагон ги потврди тврдењата на Киев дека соборил руска хиперсонична ракета

Украинската армија со помош на американскиот ракетен систем за противвоздушна одбрана Patriot урнал руска суперсонична ракета „Кинжал“ (Х-47, во западна класификација), изјави во вторникот вечерта портпаролот на Пентагон, Патрик Рајдер.

Со тоа го потврди претходно соопштение на Министерството за одбрана на Украина за соборувањето на ракетата.

„Можам да потврдам дека тие урнале руска ракета со помош на системот Патриот. Како што знаете, тој систем е дел од поширокиот спектар на средства за противвздушна одбрана што САД и меѓународната заедница ги доделија на Украина“, изјави Рајдер.

На прашање од новинар дали била погодена точно суперсоничната руска ракета „Кинжал“, тој потврди дека се работи за таква ракета.

Сепак, досега нема потврда на оваа информација од независни извори, а во јавноста досега не се презентирани докази за украинските тврдења.

„Во 2022 рускиот министер за одбрана изјави дека ниту една замја не поседува ракетен систем што може да ја пресретне суперсоничната ракета „Кинжал“ која може да лета со брзина од над шест маха.

„Таква ракета никој не поседува, и суперсонична и со таква брзина и со такви проникнувачки можности… Таа фактички е невозможно да се достигне, и ние со неа нанесуваме удари по особено важни цели“, кажа тогаш Шојгу.