Пентагон ги анализира информациите за евентуалниата нова севернокорејска интерконтинентална балистичка ракета (ICBM), претставена на големата воена парада во Пјонгјанг во саботата, соопштија од американското министерство за одбрана.
„Свесни сме за пораките во врска со парадата. Ние продолжуваме со нашата анализа и сме во постојан контакт со сојузниците во регионот“, изјавил претствник на Пентагон за новинарите.
Од своја страна Стејт департментот одговорил дека американската страна „сѐ уште се води од визијата изнесена од американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот водач Ким Џонг-ун на самитот во Сингапур (во јуни 2018 година – з.р.) и ја повикува Северна Кореја на продолжителни и суштински разговори за да се постигне целосна денуклеаризација“ на Корејскиот полуостров.
Северна Кореја во саботата утрото одржа голема воена парада по повод 75 години од формирањето на владејачката Работничка партија на Кореја и првпат по 2017 година од неа емитуваше снимка на државната телевизија и првпат по оваа година на неа ги претстави новите видови вооружување, вклучително и проектилите.
Пред свечената трибина на која се наоѓаа Ким Џонг-ун и претставниците на политичката и воена елита, според снимките минаа најмалку четири 11-оскени транспортери со по една интерконтинентална балистичка ракета.
Воените експертија во Јужна Кореја посочуваат дека дизјнот на овие проектили наликува на оние од типот „Хвасеонг-15“ со проценет дострел од 12.874 километри, што значи дека може да достигне која и да е цел на континенталниот дел од САД. Зголемените димензии на новата ракета, според нив, укажуваат на тоа дека таа е способна да понесе поголем товар, веројатно и нуклеарна боева глава. Исто така, на парадата беше прикажана и новата ракета „Пикиксон-4А“, којашто според јужнокорејските стручњаци може да биде лансирана од подморници.